Monday, November 18, 2013
Што те прави клет?
Додека си мал сите се трудат да одговараат на твоите желби и каприци, несвесни дека со тоа само те разгалуваат. Тие те контролираат сè додека не можеш да одиш, но кога почнеш да ползиш веќе самиот имаш способност да го оствариш науменото без да ти биде потребна нечија помош и така воопшто никој не те знае. Сепак, на твоите уште си им на видик, уште можат да ти преречат или да ти забранат нешто за кое што мислат дека не е исправно.
Сега со проодувањето знаеш дека целосно си слободен, но некако желбите за кои не си имал трпение да ти ти станат достижни и остварливи ти се бришаат од главата. Почнуваш да созреваш и да ги осознаваш вистинските вредности. Вредности кои ги постигнуваат другите околу тебе и изгледаат задоволно поради тоа. Меѓутоа, повторно зборуваме за остварување на желби. Целиот животен пат ни е исполнет со цели кои треба да ги постигнеме за да се искачуваме едно ниво погоре и да се инволвираме во подлабокиот слој на општеството. Патот кој го минеме сепак не е целосно сигнализиран. Ние самите ги бираме насоките по кои ќе тргнеме и се обидуваме да се ослободиме од лавиринтот во кој влегуваме ако не внимаваме доволно. Еден неуспех и веќе почнуваме да се откажуваме, да се лутиме на сè околу нас. Тогаш на површина испливуваат нашите негативни особини кои како плима и осека може повторно да ги испратиме на дното, зависно од тоа колку сме клети. Колку долго може да стиснеме тупаница и да останеме смирени сè додека не дојдеме до паметно решение.
Барајќи ја вината во другите губиме од нашата вредност, сè додека не си признаеме дека токму ние не сме вложиле доволно труд за да ни успее замислената цел и не сме го употребиле нашиот целосен потенцијал. Кога ќе го сфатиме тоа, поимот „клет“ ќе може да го препознаеме само во очите на другите околу нас, ама никој нема да може да го препознае кај нас. Ќе исчезне.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
This comment has been removed by the author.
ReplyDeleteШо те инспирира да го напишеш овоа?
ReplyDeleteТемата беше понудена од една момичка, а инспирацијата е од секојдневието и од личностите шо се трудат да го променат кон полошо :)
ReplyDelete